Арсенал испрати понуда за еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата
Новинарот Фабрицио Романо објави дека „топчиите“ испратиле понуда од 60 милиони фунти до екипата од Бирмингем, но истата веднаш била одбиена затоа што Астон вила не е среќна со тајмингот во кој истата пристигнала.
Астон вила смета дека Арсенал направил некоректен потег и испратил понуда пред нивниот важен натпревар против Селтик во Лигата на шампиони.