Први проблеми за Хамилтон во Ферари - го оштетил болидот во Барселона!
На тренингот во Барселона, Хамилтон изгубил контрола и удри во заштитната ограда. Британецот помина без посериозни последици во инцидентот, но неговиот болид претрпе оштетувања.
По инцидентот се пишува дека луѓето во Ферари побарале да биде отворена интерна истрага за да се открие што е причината и ако има проблем тој да биде отстранет пред промоцијата на болидот.
Ќе потсетиме, Хамилтон сезонава во Ферари ќе вози во тандем со Шарл Леклер.