Канаваро е нов тренер на Ристовски и Адеми во Динамо Загреб

Динамо Загреб нема најдобри резултати оваа сезона, па затоа управата на клубот реши да го промени тренерот, односно да го ангажира легендарниот Италијанец Фабио Канаваро.

Новинарот Фабрицио Романо најави во текот на денот дека е можна промена на кормилото на хрватскиот шампион, а Динамо вечерва ја потврди информацијата и го назначи Канаваро за замена на Ненад Бјелица.

Динамо во моментов се наоѓа на третата позиција во хрватскиот шампионат со 29 бодови, односно седум помалку од Риека и Хајдук Сплит по 18 одиграни кола во домашното првенство.