„Имавме врвни фудбалери во Југославија, но на теренот бевме ужасни“

Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња, зборуваше за репрезентацијата на Југославија во време кога беше фудбалер.

Михајловиќ кажа дека имале тим за големи успеси, но не успеале да направат ништо посебно.

„Дисциплината е основна работа. Играв за националниот тим, исполнет со врвни фудбалери, но на теренот бевме ужасни. Зошто? Затоа што немаше дисциплина. Постоеја правила и мора да ги почитувате затоа што во спротивно нема ништо да направите“, кажа Михајловиќ.

Тој обнјасни дека таков е и во неговиот дом, каде што постојат посебни правила.

„Дури и дома со децата работите се јасни. Јас сум нормална личност. Не победив во битката со леукемијата затоа што бев храбар. Докторите ми помогнаа“, кажа поранешниот репрезентативец.