Имало бетер и од Македонија: Ужасниот терен го донесе најсмешниот гол во Црна Гора (ВИДЕО)

Сутјеска стигна до тешко гостинско славје против Младост Долна Горица (3-2) во 17. коло од црногорската Прва лига, а пресудниот момент се случи пет минути пред крајот.

Балша Тошковиќ во 85-тата минута го постигна победничкиот гол, по една несекојдневна и комична ситуација на разорениот терен во Долна Горица. Домашниот фудбалер се обиде рутински да ја врати топката кон голманот Петар Радуловиќ, но калливата подлога целосно ја смени траекторијата.

Топката неочекувано отскокна, го измами Радуловиќ кој тргна да ја исфрли, па наместо да спречи опасност – ја гледаше како полека се движи кон неговата мрежа. Тошковиќ реагираше најбрзо, натрча и без проблем ја пласираше топката за конечни 3-2 и гол кој веројатно ќе остане запаметен како еден од најкомичните во сезоната.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FINTA (@finta.me)