Шошкиќ е херојот на Стони Брук - му донесе победа со „банана“ (ВИДЕО)

Поранешниот играч на Работнички, Андреј Шошкиќ уште еднаш беше клучен за победата на својот тим во НЦАА.

На дуелот против Лојола Меримонт на гостински терен, екипата на Стони Брукс за која настапува нашиот плејмејкер победи со 71-68, во голем дел поради Шошкиќ. Освен што постигна десет поени и беше втор стрелец во својата екипа, Шошкиќ блокира противнички играч при обид за шут за тројка во последниот напад и не му дозволи евентуално да го израмни резултатот.

Во првите осум натпревари од сезоната, Стони Брукс имаат шест победи и се наоѓаат на третото место во својата Атланта Костал конференција.