Уф, каква драма на БиХ-Србија: Луда тројка, ужасни грешки и промашен зицер за спас (ВИДЕО)
Србите поголемиот дел од натпреварот беше во резултатски минус, но со силен финиш успеа да направи нов пресврт и да се доближи чекор поблиску до пласман на Мундобаскет. Иако победата можеше да отиде и на страната на домаќинот, „орлите“ покажаа карактер и борбеност – како на дуелот со Швајцарија, така и вечерва во Сараево.
Домашниот тим имаше напад за победа или изборување продолжение, но Амар Алибековиќ најпрво промаши обид за три поени, а потоа и зицер во последните моменти, што им овозможи на Србите да го задржат минималното водство и да го прослават триумфот. На сето ова претходеше и голема грешка од двете страни.