Иличич го избркаа од Марибор

Словенечката легенда Јосип Иличич, долгогодишна ѕвезда во Калчо-лигата, лани во октомври се врати во татковината, потпиша тригодишен договор со Марибор и требаше да биде огромно засилување за овој клуб, а после нецела година – доби шут карта.

Марибор пред два дена загуби од љубљанска Олимпија со 1-2, а Иличиќ го одигра последните 14 минути во кои не направи ништо посебно и денеска од клубот буквално го отпишаа.

Словенечката легенда е слободна да си бара друг клуб, а причина за неговото отпуштање е, како што вели тренерот Дамир Крзнар, лошото влијание врз соиграчите и уривање на атмосферата во соблекувалната и клубот.

Сега останува да се види што понатаму со Иличич, зашто преодните рокови веќе безмалку секаде се завршени, а нема да биде изненадување ако Словенецот се реши и за пензија.