Холандска легенда ќе му биде тренер на Елиф Елмас во Фенербахче

Ајкут Кочаман е минато во екипата на Фенербахче. Турските медиуми пишуваат дека Турчинот ќе биде отпуштен и на негово место доаѓа тренерот на ПСВ, Филип Коку.

Легендарниот холандски фудбалер е подготвен за нов предизвик во тренерската кариера откако шест години е на клупата на овој тим. Освои три шампионски титули во Холандија, а местото ќе му го отстапи на Марк ван Бомел.

Сите детали околу преземањето на тренерската фунцкија во Фенербахче се договорени и Коку ќе има годишна плата од 2,5 милиони евра. Тоа е сериозно зголемување во однос на примањата кои ги имаше како тренер на ПСВ од 450.000 евра годишно.

Ова можеби се добри вести и за македонскиот интернационалец Елиф Елмас, откако нашиот талент не добиваше премногу шанса кај Кочаман. Можеби холандскиот стратег ќе има поголема доверба во Елмас, кого почесто ќе го гледаме во дресот на Фенербахче следната сезона.