Хет-трик и асистенција за Трајковски, Хајдук со „петарда“ ја разнесе Локомотива!

Македонскиот напаѓач Александар Трајковски одигра одличен меч за Хајдук Сплит во победата против Локомотива Загреб со 5-2 во последното коло од хрватската Суперлига.

Трајковски го постигна првиот гол во 18. минута, додека до крајот на полувремето стрелаше уште еднаш за да го зголеми водството на 2-0.

Мерсинај си постигна автогол на стартот на вториот дел, по што Трајковски му асистираше на Брекало за 4-0.

Локомотива набрзо погоди двапати во мрежата на гостите од Сплит и намали на 2-4 до 66. минута, меѓутоа Трајковски во 72. минута стрелаше за 5-2 и го комплетира хет-трикот.

Хајдук ја заврши сезоната на третата позиција со 68 бодови, додека Трајковски запиша седум погодоци и три асистенции.