Хајдук планира да му го раскине договорот на Трајковски?

Хајдук Сплит во само неколку дена остана без претседател, тренер и спортски директор, а заедно со нив би можеле да заминат и неколку фудбалери меѓу кои и македонскиот фудбалер Александар Трајковски.

Хрватски „Индекс“ пишува дека Хајдук ова лето ќе се обиде да ги прекине договорите на Фераи, Исмаел Диало и Трајковски кои не ги исполниле очекувањата.

Трајковски има најниска оценка од овие тројца, односно 6,73, со тоа што настапи на 10 натпревари при што постигна еден гол и една асистенција.