Гол на македонскиот капитен за Динамо - Ристовски го скрши отпорот на Локомотива (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски ја отвори пролетната сметка за Динамо Загреб со гол за водство во градската пресметка со Локомотива, откако во 35-та минута погоди за водство на актуелниот хрватски првак.

Ристовски кој денеска откри што сѐ случувало во соблекувалната околу капитенот на „модрите“ Аријан Адеми и бурата што се случи околу вториот македонски репрезентативец во Динамо, го скрши отпорот на Локомотива, откако претходно на загрепчани им беше поништен еден гол, имаа дирек и уште дузина шанси што не ги реализираа.

Ристовски погодо во 35-та минута од мечот, a голот на македонскиот репрезентативец може да го погледнете ТУКА.