Герила акција на Гробари – ја уништија цела ВИП-ложа во Хумска (ФОТО)

Најверните навивачи на Партизан, кои веќе подолго време протестираат против управата на клубот, која не знае кај тера со црно-белите во последниве години, решија уште појасно да им порачаат на раководните лица да си одат – со герила акција ја уништија ВИП-ложата во Хумска 1.

Најверните партизановци ги ишкртаа сите ѕидови во ложата со пароли „Управа оди си“, „лопови“..., а најмногу настрадаа фотелјите на стадионот наменети за челниците, кои со остри предмети беа буквално искасапени.

Навивачите за својата акција се пофалија на социјалните мрежи со порака „Нема да седите таму каде што сте тгнале, во нашата куќа не сте добредојдени“.

Гробари ги бојкотираат мечевите на Партизан на својот стадион, но одат на гостувања, а кулминација беше за ваквиот чекор дебаклот од Нордсјеланд во Данска кога црно-белите загубија со 0-5 во плејофот за пласман во Конференциската лига.

Клубот во моментов е без претседател откако Милорад Вучелиќ веќе си замина, а засега остана генералниот секретар Милош Вазура. Навивачите бараат негово заминување како и на комплетното Собрание на клубот.

Партизан вчера со гол од пенал во 98-та минута го победи Радник Сурдулица со 3-2, иако имаше негатива од 0-2