Гатузо по голот за победа во дербито го бакна Ливаја во уста (ВИДЕО)

Екипата на Хајдук славеше голема победа над Динамо Загреб во дербито во хрватското првенство и така се искачи на врвот на табелата.

Херој на тимот од Сплит беше Марко Ливаја кој го постигна голот во 70. минута од средбата.

Колку беа важни овие три бода за Хајдук, посебно поради се што се случуваше во клубот во изминатиот период покажува еуфоријата која настана по постигнатиот гол.

Во еден момент камерита забележаа и како Гатузо го бакна Ливаја во уста.