Фенербахче за 2,5 милиони евра ќе го откупи Алиоски

Турскиот великан Фенербахче ќе го откупи македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски од саудиски Ал Ахли за 2,5 милиони евра и истанбулскиот гигант веќе ги подготвил парите, објавија турски меидуми.

Уште пред три недели од Турција објавија дека сите во Фенербахче се задоволни од алиоски кој дојде летово на едногодишен заем од Ал Ахли и дека истанбулскиот клуб ја донел одлуката за да го задржи, односно да го откупи неговиот договор од Ал Ахли и да потпише подолгорочен договор со левиот бек.

Алиоски во досегашната сезона даде еден гол и запиша една асистенција, а на последниот меч пред паузата изнуди пенал за победа. Фенербахче е лидер во турската Суперлига, а ќе игра и во пролетната фаза од Лига Европа, откако како првопласиран заврши во групите во второто по ранг натпреварување.

Македонскиот репрезентативец ланското лето замина во Саудиска Арабија после четири години во англиски Лидс, а на арапскиот полуостров се запиша во истријата како најефективен лев бек кој играл, зашто беше директно инволвиран во 16 гола на својот тим, дали со погодок или асистенција.