Етеми игра во страшна форма – петти гол во последниве 40 дена! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми игра во страшна форма во изминативе нешто повеќе од еден месец, откако денеска го даде петтиот гол во овие 40-на дена од крајот на минатата година.

Етеми денеска постигна прекрасен гол против Аланијаспорт, откако погоди во 67-та минута од мечот за водство, а ова е негов петти погодок во изминатиов период откако на крајот на декември ѝ даде гол на Касимпаша, па погоди на 9 јануари со Газиантеп, на 15 јануари запиша гол и асистенција со Умранијспор, а на 29 јануари му даде гол и на Кајзериспор.

За Етеми ова е деветти сезонски гол за Истанбулспор во својата дебисезона во турската Суперлига, а има и три асистенции во 20 меча. Во минатата сезона во второлигашката конкуренција имаше помалку голови (седум), но повеќе асистнции (десет).

Истанбулспор ја запиша втората победа по ред со триумфот денеска со 2-1, но остана во црвената зона со 21 бод, трети одзади, но само бод од сигурната зона.