Епска провокација: Максимир на Гугл мапите преименуван во - „Шеталиште на Ливаја“

Хрватскиот репрезентативец, Марко Ливаја, со голот во 70. минута му донесе победа на Хајдук во дерби пресметката со Динамо Загреб (1-0) во меч одигран на „Максимир“, кој потоа стана жртва на епска провокација од страна на навивачите на сплитскиот тим.

Тој за навивачите на Хајдук е апсолутен идол и икона, поради што некој од фановите реши да се пошегува на интернет.

Имено, кога во пребарувачот ќе напишете „шеталиште Марко Ливаја“, се прикажува адресата Максимирска цеста 128, која е резиденција на Динамо.