Дробаров се врати во Черно Море и веднаш даде гол! (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Влатко Дробаров, кој после една полусезона откако замина од Черно Море, се врати во овој клуб каде многу успешно играше и на својот кам-бек денеска даде гол во триумфот со 3-0 против Септември Софија.

Дробаров стави печат на победата со голот во 67-та минута од мечот откако погодио со глава по корнер и до даде третиот гол за својот тим во убедливата победа, со која Черно Море дојде до 39 бода и е петопласиран со исто бодовно салдо, но меч повеќе од Локомотив Пловдив.

Македонскиот интернационалец, кој е екс-младински репрезентативец на Македонија играше во Черно Море во првиот мандат од 2020 година до летоска, кога се пресели во Сараево, но после само шест месеци ја прекина соработката со сараевчани, па зимава реши да се врати во Бугарија.

За Септември Софија денеска играа двајца македонски интернационалци, Константин Чешмеџиев и Мартин Стојанов, а вчера екс-репрезентативецот Влатко Стојановски ја комплетираше документацијата и веќе од следниот меч ќе биде во конкуренција за настапи после зимскиот трансфер што го направи.