
„Додека Хрватска и Србија гореа, јас пиев пиво со Шукер и Бобан на Маракана“
Савелиќ настапи во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2000 година, а тоа беше првпат како Хрватска и Србија се во иста група. Нивните натпревари во 1999 година на „Маракана“ и „Максимир“ ги одбележаа големи тензии.
„Се сеќавам на натпреварите. Интересно е тоа што по мечот со Хрватска во Белград заедно пиевме пиво со Шукер, Бобан и другите. На крајот од секоја приказна, па и негативните, мора да извлечеме нешто позитивно. А сите знаеме каква беше атмосферата во Хрватска и Југославија“, кажа бившиот фудбалер.