
Динамо Загреб конечно ќе добие модерен стадион - ќе чини 175 милиони евра!
Легендарниот „Максимир“ трпеше многу критики, овој стадион одамна ја имаше загубено битката со новото време, па често се зборуваше дека Динамо Загреб треба да добие нов стадион.
Тоа конечно ќе се случи, денеска беше презентиран проектот за нов стадион кој ќе чини 175 милиони евра.
„Долго правевме анализи, проверивме над 50 стадиони во Европа сакајќи да најдеме најдобро решение и мислам дека го најдовме. Стадионот ќе има капацитет од 35.000 гледачи, со трошок од околу 5.000 евра по седиште. Вкупниот проект треба да чини 175 милиони евра. За овој проект сме согласни и ние и Владата на Хрватска“, изјави градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, а на промоцијата беше и премиерот Андреј Пленковиќ.
Промоцијата се одржуваше на Максимир, а покрај градоначалникот и премиерот, присутни беа и претставници на Фудбалската федерација на Хрватска и Динамо Загреб.