
Динамо и Хајдук ќе станат минато: Американски бизнисмен ќе создаде непобедлив тим во Хрватска
Медиумите пишуваат дека американскиот бизнисмен Бил Фоули е на пат да ја купи Риека, а потоа планира да инвестира многу пари за да создаде стабилен и моќен клуб.
Фоули претходно го купи и премиерлигашот Борнмут, кој стана стабилен член во англиската елита и успеа да се носи и со големите ривалите.
Американецот инвестира пари и во други екипи, како што се португалски Мореиренсе, шкотски Хибернианс и француски Лориент.