Динамо бара Мамиќ да врати 21 милион евра!

Динамо Загреб поднесе имотно-правна тужба до судот во Осјек против Здравко Мамиќ и уште пет други лица за кражба од клубот.

Новото раководство на Динамо Загреб бара Здравко Мамиќ и останатите да вратат 21 милион евра.

Во тужбата која е на речиси 700 страници, Здравко Мамиќ се обвинува дека од 2004 до 2015 година формирал злосторничко здружение и дека со креирање на фиктивни договори меѓу Динамо Загреб и повеќе странски компании од Велика Британија, Швајцарија, ОАЕ, Гернланд, Белизе, Хонг Конг, Гибралтар и САД плаќале непостоечки услуги за трансфери на играчи кои го оштетиле клубот за повеќе од 19,1 милиони евра.

На браќата Здравко и Зоран Мамиќ ќе им се суди во отсуство бидејќи тие веќе неколку години се пребегани во Босна и Херцеговина.