Девојката на српскиот фудбалер кој се самоуби открива: Често зборуваше дека не му се живее!

Српски фудбалер и поранешен репрезентативец на Југославија, Миљан Мрдаковиќ се самоуби во Белград и ги шокираше сите во Србија.

Сите кои го познавале тврдат дека бил насмеан и весел, а српски „Телеграф“ ја контактирал неговата девојка и пејачка Ивана Станиќ.

„Не знам како сум. Немам спиено воопшто, пиев лекови и не сум свесена за тоа што се случи. Ние имавме идеална врска. Тој имаше некои проблеми со кои не можеше да се соочи. Сакаше да пие и мислам дека покрај проблемите, имаше и депресија поради што се самоуби. Беше уморен и му се собраа многу работи. Ја заврши кариерата, не можеше никогаш да се прилагоди на новиот живот. Секогаш беше насмеан, но тој е еден од луѓето кои не кажуваат што им лежи на душата. Сепак, кога ќе пиеше повеќе од што треба, ја отвораше душата. Повеќе пати ми кажа дека сака да се самоубие, а јас му бев како психолог. Имашеи финансиски проблеми, многу пари заработи, но и многу потроши“, открива неговата девојка.