Дебитантот во А-тимот Елези останува во Вараждин до 2024 година!

Новиот дебитант во македонската репрезентација Агрон Елези, кој првпат доби повик од селекторот Благоја Милевски за претстојните два меча со Грузија и Бугарија останува во хрватски Вараждин до 2024 година.

Елези во Вараждин игра од летото 2020 година кога дојде од албански Скендербег, а е дете на Шкупи, кој беше дел и од младинскиот погон на Каен, а потоа преку Влазрими стигна до бившиот албански првак, па се пресели во Хрватска.

Сега, тој потпиша нов двегодишен договор со својот актуелен клуб после добрите настапи сезонава, вкупно девет од можните десет меча во ХНЛ-лигата, а има и два гола и тоа клучни за триумфот против Горица со 2-1 на 3 септември.

Елези е поранешен младински репрезентативец до 19 и 21 година, а сега доби првпат повик за А-тимот.