Цунами на „Пољуд“: Руинирани трибини, скршени седишта и - фрлени буриња со пиво (ФОТО)
Навивачите на домашната екипа сакаа да ги нападнат членовите на Бед Блу Бојс на „Пољуда“, поради што претрчаа преку тревникот кон делот од трибините каде што тие се наоѓаа, но полицијата ја спречи пресметката. За време на инцидентот, на стадионот е направена голема материјална штета, па се појавија фотографии од голем број уништени седишта, како и буриња со пиво и други предмети, со кои хулиганите фрлаа едни кон други.
По нередите, кои потоа се проширија надвор од стадионот, уапсени се 50 навивачи, поради што Хајдук го очекува строга казна.