Чиро Блажевиќ го одбиле од Ц. Звезда зашто не сакале да ги тренира - Хрват!?

Легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ во моментов се бори со тешка болест, но не се откажува толку лесно, па во интервју за српските медиуми откри дека има рак и ќе се бори до крајот, а притоа разговараше и за други теми.

Блажевиќ оствари големи успеси со Динамо Загреб и Хрватска, а откри дека во еден момент бил желба и на Црвена Звезда, но не се договориле.

„Имав повик од Иван Стамболиќ да ја преземам Звезда, но нема да откријам во која година. Меѓутоа, Џајиќ и Цветковиќ го блокираа ангажманот со зборовите: Од каде пак сега Хрват да ни биде тренер?! Сепак, не ми е жал и најмила ми е титулата со Динамо од 1982 година, кога бев пред Ц. Звезда“, открива Чиро.