Цела Риека збесна од глупостите на Колинда: Има тешка дијагноза – дали е нормална?
Грабар-Китаровиќ со својата фудбалска анализа за „играта која била повеќе од фудбал во турбулентниот период“ предизвика жестоки реакции од Истра, особено од нејзините сограѓани од Риека, особено зашто Колинда е риечанка, па одела на мечеви на клубот во кој моментно член е македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Прв што ја нападна претседателката беше градоначалникот на Риека, Војко Оберснел, а потоа следуваше серија на напади од фудбалски луѓе од Риека и навивачи.
„Откако од железната завеса со црвен пасош замина на школување во САД, КГК (Колинда Грабар-Китаровиќ – н.з.) ја навреди Риека дека била резервен српски клуб. Колкав е тој резервоар на глупости? Каде е крајот?“, напишал Обрснел.
Nakon što je iz Željezne zavjese sa crvenim pasošem otišla na školovanje u SAD, KGK danas izvrijeđala NK Rijeku kao rezervni srpski klub. Pa koliki je taj rezervar gluposti? Gdje je kraj?
— Vojko Obersnel (@Obi_Rijecki) October 27, 2019
Еден од навивачите на клубот, ја потсети претседателката дека во историјата на Риека, само двајца фудбалери играле или биле членови за белградските великани. Мирослав Шугар, кој е роден во Нови Сад бил член на Ц. Звезда, а Борис Тичиќ бил дел од Партизан, но не заиграл на ниту еден меч.
I nije igrao niti jedan igrač iz C. Zvezde niti Partizani,ali bogme niti iz Dinama. A ni Hajduka!! Da je psodsjetim da su dva igrača Rijeke igrale za Zvezdu i Partizan:Šugar i Tičić
— Goran Brozina-Mrva (@Mrva051) October 27, 2019
Па следеше во расправата потсетување за Грабар-Китаровиќ колку фудбалери од Динамо и Хајдук играле за српските гиганти, од Динамо – Томислав Ивковиќ, Рајко Јањанин, Миливој Брачун, Боро Цветковиќ, Роберт Просинечки...
„Изгледа Колинда има сериозна дијагноза, а сметам дека глупоста има своја граница“, напишала една навивачка од Истра.
„Жената едноставно не е нормална. Или сето ова свесно го прави само за да ги полни медиумите“, е коментар на друга навивачка.
Ona mora imat neku ozbiljnu dijagnozu...računam da i glupost ima svoje granice
— Bojana Culum (@BobaCulum) October 28, 2019
Gleda se tko vam kaže, a ne što vam kaže. žena je jednostavno prolupala ili to sve svijesno radi, samo da bi punila medije.
— Ankica Benček (@AnkicaBencek) October 28, 2019