Бројки за респект: Модриќ и на 40 години држи лекции по фудбал

Реал Мадрид вчера со гол во последните моменти од натпреварот славеше 2-1 над Мајорка, а еден од најистакнатите на теренот беше Лука Модриќ кој на 40 години одигра уште едни одлични 90 минути. 

Хрватскиот маестро и репрезентативец натпреварот го заврши со дури 134 контакти со топката, а од 102 обиди за додавање, 94 биле прецизни, што претставува импресивна прецизност од 92 проценти. Запиша и три клучни додавања, создаде една голема шанса и четири пати се обиде да го загрози противничкиот гол.

И двете долги топки кои ги упати беа успешно пласирани, додека на индивидуално ниво забележа по два успешни дриблинзи, пресечени додавања и стартови на топка. Модриќ пет пати ја освои топката од противникот, покажувајќи зошто и по толку години останува столб на средниот ред на „кралевите“.

Во својата речиси четириесетта година, ова му беше 54. настап за Реал Мадрид оваа сезона, иако само 25 пати започна од првата минута, a успеа да постигне четири гола и да подели осум асистенции.

Фото: Real Madrid C.F/X