Бразилска мајсторија во Албанија за – гол на годината! (ВИДЕО)

Фернандо Мадеирош е бразилски фудбалер кој игра за албанска Егнатија, кој постигна страшен гол на кариерата, со кој слободно конкурира за гол на годината.

Мадеирош не дозволи топката да падне на земја, ја прими на прва, си ја крена за волеј и потоа неодбранливо шутираше од работ на шеснаесетникот. Дури и сонародникот Роберто Карлос да му подзавиди за бомбата и мајсторијата.