„Бомба“ во Црвена Звезда: Ивановиќ бил на состанок со првиот човек на клубот? (ФОТО)

Српските медиуми ги фотографирале првиот човек на Црвена Звезда и поранешниот српски репрезентативец Бранислав Ивановиќ на ручек во центарот на Белград.

Иако не се познати деталите од нивниот разговор, сепак српските медиуми шпекулираат дека една од темите била трансфер на Ивановиќ во редовите на српскиот шампион.

Ивановиќ по освојување на двојната круна во Русија решил да го напушти Зенит Санкт Петербург, зашто не се согласува на помала плата.

Фотографиите од нивниот ручек може да се погледнат ТУКА.