
„Бомба“ во Белград: Црвена Звезда заинтересирана за бивш капитен на Милан
Тренерот Дејан Станковиќ конечно контактирал некои свои познати луѓе во Италија за да обезбеди уште едно квалитетно засилување за Црвена Звезда.
„Црвено-белите“ имаат проблеми на бековските позиции, а искусниот Абате изгледа како идеално решение во моментов. Инаку, тој нема клуб од минатото лето кога го напушти Милан.
Абате во текот на кариерата настапи 306 пат за „росонерите“, а играше уште и за Модена, Наполи, Емполи, Торино...