„Бојко Борисов не е причината за оставката – немам веќе трпение“

Претседателот на бугарскиот фудбалски сојуз (БФС), Борислав Михајлов експресно поднесе оставка на функцијата после срамните сцени и расистичкото и фашистичкото изживување на дел од навивачите на Бугарија во дуелот со Англија и тоа откако премиерот Бојко Борисов побара сите во фудбалскиот сојуз да си заминат од функцијата.

Бурата кај источниот сосед кулминираше со оставката на Михајлов, но и влегувањето на полиција во просториите на БФС, најавите за конечно расчистување со сите криминалии и местенки. Михајлов, два дена, откако поднесе оставка и порача дека Извршниот осбор на БФС нема потреба да ја разгледува истата, зашто е неотповликлива, сега порача дека повикот од премиерот Борисов не бил клучен за да ја напушти фотелјата.

„Јас им благодарам на сите со кои разботев сиве овие години. Официјално ја поднесов оставката и откако сум на чело на БФС од 2005 година до денеска го зголемивме буџетот од 2,5 милиони евра на девет милиони евра. Клубовите добија 25 милиони евра од ТВ-права, имавме 14 ревизии на работата и сите беа без забелешки и препораки. Во следната 2020 година, БФС ќе влезе со резерва од 2,5 милиони евра... Четиринаесет години се долго време и одамна размислувам дека веќе им здосадив на луѓето. Со оставката сакам да го тргнам сето ова што се случува од БФС и другите луѓе да продолжат да работат. Јас разговарав со Бојко Борисов, видов што кажа, ама одлуката немаше врска со неговото излагање. Јас одамна ја имав донесено одлуката. Нормално е дека за 14 години и кај мене има вина. Сега само дојде моментот кога повеќе немам трпение. И нема ништо срамно во оваа одлука“, рече Михајлов.