Албанската федерација не е како ФФМ - Исени доби двегодишна суспензија!

23-годишниот македонски фудбалер, Бесир Исени кој настапува за Тирана, доби двегодишна суспензија поради нередите кои се случија на мечот против Билис.

Тирана одигра само 2-2 на свој терен против претпоследниот на табелата, Билис, со што ја загуби титулата во албанското првенство. Мечот донесе голем инцидент кога беше нападнат судијата Криденс Мета.

Дисциплинската комиција при Албанската фудбалска федерација покажа голема строгост со цел да превентира други инциденти во иднина, таа уште денеска ги изрече казните, а најмногу настрада играчот на Тирана, скопјанецот Бесар Исени кој доби двегодишна суспензија поради плукање на судиите.

Покрај поранешниот играч на Струга ТЛ, казнети се уште пет играчи на Тирана, но тие поминаа со помалку казни, еден има со едногодишна суспензија, тројца со шестмесечна и еден со забрана за играње фудбал од четири месеци.

Кај нас се случувале тешки инциденти, но ФФМ никогаш не донела најстроги казни и секогаш ги помилувала прекршителите со помали санкции.