Нордиецот Ставре Јада обезбеди А-норма за ЗОИ во Пјонгчанг 2018

Ставре Јада оствари одличен резултат на трката на 10 километри во нордиско скијање во Стрбске Плесо во Словачка и обезбеди А-норма за настап на Зимските Олимписки Игри во Пјонг Чанг, што треба да се одржат во фервруари идната година. 

Младиот 19-годишен Македонец на денешната трка го освои деветото место во генералниот пласман, а во конкуренција на јуниори беше втор. Тој освои 97,44 точки што беше доволно за обезбедување на олимписката норма. 

Ова е одличен успех за Јада, но и за неговиот тренер Ѓоко Динески.