И хокејот му лежи: Петр Чех имаше одлично деби за новиот клуб! (ВИДЕО)

Легендарниот чешки голман, Петр Чех, го имаше своето деби за својот нов клуб.

Поранешниот голман на Челси и Арсенал се збогуваше со фудбалот ова лето, а од неодамна направи прилично чуден потег и потпиша за хокеарскиот клуб Гилдфорд Феникс.

После 20 години професионален фудбал, ова ќе биде прекрасно искуство за мене да ја играм играта што ја сакав како дете, изјави Чех минатата недела.

Чех денес го направи своето деби во Гилдфорд Феникс каде воедно запиша неколку брилијантни одбрани.