Хокеар за најрасистичкиот испад доби бизарно смешна казна!

Украинскиот хокеар Андреј Денискин на 26 септември имаше скандалозен расистички испад откако гестикулираше како „лупи банана и ја јаде“ кон црномурестиот американски играч Џалејн Смерек и првично жестоко беше казнет со 13 меча суспензија.

Арно ама, Денискин нема да ја олади главата за најрасистичкиот испад, откако Интернационалната хокеарска федерација (ИИХФ) бизарно и смешно му ја преиначи истата. Украинецот доби парична казна од 1.600 евра, како замена за 10 меча суспензија, па тој сега после три меча пауза ќе може да се врати на ледот.

Американецот Смерек после овој испад реши да си замине и го напушти тимот на Донбас, без оглед што Денискин потоа се извини дека емоции го понеле и не размислувал правилно во тој момент, додавајќи дека не е расист и дека ги почитува сите луѓе без оглед на верата, бојата на кожата или од каде се.