
Бивш светски рекордер во ски-скокови има рак – го очекува животна битка
Ромоерен открил дека има рак на колкот, а поранешен рекордер на Планица со прескокнати 239 метри (2005 година), има слато од СП со норвешката селекција во 2004 и 2006, има бронза од ЗОИ во Торино во 2006, осум победи во светскиот куп.
„Сѐ случи многу брзо. Болеста ми беше дијагностицирана пролетва и веднаш започнав со терапии. Знам дека пред мене се долги и тешки времиња, ама решив да преживеам. Ќе ја добијам оваа битка. Моментно имам многу малку енергија и не сакам и таа да ја трошам на разговори за болеста, туку за позитивни работи“, вели Ромоерен.
Неговиот рекорд на Планица беше актуелен пет години пред сонародникот Јохан Ремен Евенсен да му го собори со скок од 243 метри во Викерсунд. Актуелниот рекорд е 253,5 метри и е сопственост на Стефан Крафт од Австрија, кој го постави пред две години во Викерсунд.
Инаку Ромоерен после завршувањето на кариерата беше маркетинг директор на норвешката селекција во ски-скокови.