Голема трагедија: Загина еден од најталентираните спортисти во Германија!

Еден од најталентираните млади спортисти во Германија, велосипедистот Јан Ридман (17 години), трагично го загуби животот, откако беше удрен од автомобил за време на завчерашниот утрински тренинг.

Несреќата се случила во местото Сугенхајм, а тажната вест ја соопштија од неговиот клуб Бора-Хансгорх.

„Со голема тага се збогуваме од нашиот Јан по големата несреќа што се случи за време на викендот. Во негова чест, сите наши велосипедист ќе носат црн флор за време на трката Милано-Санремо следниот викенд“, објавија од тимот на Бора.

 

 

Од младиот велосипедист се збогуваа и од Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ).

„Тажни сме поради големата загуба. Ридман беше дел од новата генерација професионални велосипедисти. Нашите мисли се со неговото семејство, пријатели и колеги“, напишаа од УЦИ.