Ватерполо: Србија го победи САД и ќе игра за трето олимписко злато во низа!
Србите стигнаа до уште едно финале во ватерполо со феноменална игра во одбраната и добра реализација на нападите.
Американците беа целосно надиграни, па така Србија по двете злата во низа одново ќе игра во финалето предводена од клупата од селекторот Дејан Удовиќ.
Одличен во денешниот натпревар беше голманот Радослав Филиповиќ додека во нападот главниот збор го имаа Никола Дедовиќ со четири гола и капитенот Никола Јакшиќ со три погодоци.
Србија во финалето ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Хрватска и Унгарија.