
Зверев ги „нападна“ Ѓоковиќ и Алкараз за да се одбрани – себе си!
Тој во пресрет на Мастерсот во Рим, каде што ја брани титулата, изјави дека е на врвот поради своите резултати, а не поради случајности.
„Тука сум затоа што освојував турнири и имам резултати. Системот за рангирање не лаже – поени се добиваат со победи и титули“, изјави тој.
Германецот иако ја освои титулата во Минхен, зад себе има нестабилна сезона, вклучително и поразот во финалето на Австралија Опен од Јаник Синер. Навивачите се разочарани, особено што не успеа да го искористи периодот на суспензија на Италијанецот. Зверев, кој има руско потекло, во своја одбрана ги спомена и слабите резултати на конкурентите – Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.
„Знам дека не играв според очекувањата, но ниту Карлос не играше добро, па сепак го освои Монте Карло. Секој тенисер има такви периоди. Мислите ли дека Новак е среќен со своите резултати? Мислите дека Карлос е среќен? Ниту јас не сум среќен“, заврши Зверев.