Зверев е третиот полуфиналист во Мајами!

Александер Зверев во два сета го победи унгарскиот тенисер Фабијан Марошан и се пласира меѓу четворицата најдобри на турнирот во Мајами.

Зверев игра одлично во 2024, тоа го потврдува и во Мајами каде се пласира во полуфиналето.

Тој речиси рутински во два сета го помина Фабијан Марошан, беше 6-3 и 7-5 во сетови.

Во полуфиналето Зверев ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Григор Димитров.

Претходно, првата полуфинална двојка ја формираа Јаник Синер и Данил Медведев.