Женското финале во Индијан Велс пак ќе има ептен голем руски шмек!

Белорусинката Арина Сабаленка и Казахстанката Елена Рибакина ќе се борат за трофејот во женска конкуренција на мастерс-турнирот во Индијан Велс, откако во синоќешните полуфинални средби лесно ги совладаа Марија Сакарија (6-2, 6-2) односно најдобрата во светот во моментов, Ига Швјонтек (6-2, 6-2).

Ова ќе биде уште во низа финале во женскиот тенис со голем руски шмек без разлика што во него, официјално, нема да настапи тенисерка под руско знаме поради забраната по агресијата на оваа земја врз Украина. Рибакина иако настапува под знамето на Казахстан е родена во Москва и се декларира како Русинка, додека Сабаленка исто така има руски корени.

Ова воедно ќе биде реприза на финалето на првиот годинешен гренслем-турнир во Австралија, каде што до триумф дојде Сабаленка.