„Врнат“ пари на Вимблдон - наградниот фонд зголемен на 50 милиони фунти

На нешто повеќе од две недели пред почетокот на новото издание на Вимблдон, организаторите објавија дека овогодишниот награден фонд ќе достигне рекордни 50 милиони фунти што е зголемување за 5,3 милиони во однос на минатата година.

Победниците во машка и женска конкуренција ќе заработат по 2,7 милиони фунти што е зголемување за речиси 15 проценти. Оваа само ја одразува растечката популарност на тенисот во глобални рамки и претставува јасен сигнал дека тој е еден од најпопуларните спортови на планетата.

Претстојното издание на Вимблдон ќе се одржи од 1 до 14 јули. Титулата ќе ја брани Карлос Алкараз, а уште е неизвесен настапот на Новак Ѓоковиќ.