Време е за кам-бек, Надал потврди дека се враќа! (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал потврди дека од почетокот на наредната година ќе им се врати на натпреварите, прв предизвик е му биде турнирот во Бризбејн.

По долга пауза Надал ќе направи обид за враќање на терените. Шпанскиот тениски ас последен пат играше во јануари кога се повреди во второто коло на Австралија опен.

„Мислам дека не заслужив да завршам вака. Верувам дека работев напорно во целиот мој спортски живот, па мојот крај не е тука на прес-конференција. Ќе работам напорно да ја завршам мојата кариера на вистински начин. По една година отсуство, мислам дека е вистински момент да се вратам. Се чувствувам подготвен да соопштам дека ќе се вратам во Бризбејн, во првата недела од сезоната“, изјави Надал во видео порака на социјалните мрежи.

По турнирот во Бризбејн, Надал треба да настапи на првиот грен-слем турнир, Австралија опен.