Вимблдон ќе им подели 10 милиони фунти на тенисерите

Тенисерите се едни од најпогодените спортисти за време на пандемијата на Ковид-19. Сезоната е речиси уништена, а и да се играат турнири, тие се без публика на трибините.

Најпрестижниот турнир во светот и еден од најстарите Вимблдон објави дека ќе им помогне на тенсиерите, така што ќе подели 10 милиони фунти на 620 тенисери, кои имале шанса да бидат во квалификациите или главната ждрепка.

Вимблдон ќе подели по 12.500 фунти на 240 тенисери кои требало да играат во квалификациите, а потоа уште по 25.000 за тие во главната ждрепка.

Секако, ќе има пари и за тенисерите кои играат во конкуренција на двојки, како и за останатите тенисери и тенисерки.