
Векиќ: На почетокот од мечот не знаев како се викам!
Прашањето е само дали медалот ќе биде златен или сребрен. По мечот Векиќ зборуваше за сензационалниот успех кој го направи.
„Немам зборови. Не ми се верува. Толку сум среќна, такво олеснување имам по мечот.... Ова е една од големите цели од почетокот на мојата кариера, од кога почнав да се занимавам со тенис. Не знам што да кажам...“, рече Векиќ.
„На почетокот бев нервозна? На почетокот не знаев како се викам, а ниту на крајот. Толку нервозна не сум била во животот. Одев поен по поен, се обидував да не мислам многу на тоа. Во вториот сет беше потполно поинаку“.
„Играм на подлога која најмалку ми одговара. Некој да ми речеше дека ќе стигнам до финале, немаше да му верувам. На секој меч се трудев до крајот, давав се од себе и се исплатеше“.