Украинска тенисерка загуби од Русинка и со плачење го напушти теренот (ВИДЕО)

Украинската тенисерка, Марта Костјук, на болен начин го заврши својот настап на мастерсот во Монтреал, откако поради повреда на зглобот беше приморана да го предаде мечот против Елена Рибакина.

Таа во солзи го напушти теренот, само неколку недели пред почетокот на УС Опен. Дуелот со Русинката која се натпреварува под знамето на Казахстан, започна лошо за Костјук. Рибакина го доби првиот сет со убедливи 6-1, остварувајќи три брејка, а уште тогаш беше очигледно дека Украинката се соочува со физички проблеми. И покрај болката, Костјук се обидуваше да го продолжи мечот, менувајќи го начинот на сервирање и барајќи начини да ја ублажи повредата. Но, болката стана неподнослива, па мечот го предаде при резултат 2-1 во вториот сет во корист на Рибакина.

Публиката ја испрати со аплаузи, а 23-годишната тенисерка остана утешена, свесна дека ја очекува неизвесен период на рехабилитација пред еден од најголемите тениски турнири.

„Не е убаво кога мечот завршува на ваков начин. Никој не сака ваков крај, но барем одигравме еден сет. Ѝ посакувам на Марта брзо заздравување, особено кога не очекуваат големи турнири“, изјави 26-годишната Рибакина по завршување на мечот.

Костјук, која веќе неколку години ја тренира поранешниот хрватски тенисер Иван Љубичиќ, а моментално е рангирана на 28. место на ВТА листата. Рибакина, пак, е родена во Москва, но од 2018 година настапува за Казахстан и е единствена против која украинските тенисерки играат и покажуваат спортска почит – се поздравуваат и ракуваат на крајот од мечевите. Причината е нејзиното јавно откажување од руската националност, што ѝ донесе поинаков третман во однос на другите руски тенисерки.