Турнир од соништата: Дрејпер го надигра Руне во борбата за пехарот во Индијан Велс

Британскиот тенисер Џек Дрејпер е нов шампион на Индијан Велс, откако славеше во финалето против Холгер Руне со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-2 за само еден час и 10 минути.

Дрејпер го оствари најголемиот успех во кариерата, а до истиот стигна до доминација на почетокот на средбата, која ја одржуваше до крајот на првиот сет (6-2).

Идентично беше и во вториот сет, а Руне не упсеа да одговори на нападите на расположениот ривал и мораше да се задоволи до второ место на турнирот.

Талентираниот тенисер со оваа победа освои 990 поени и се искачи на седмата позиција на АТП-листата.