
Тенисер збесна и со топче го нокаутира судијата - на поен пред победа (ВИДЕО)
Егзекутор на овој нокаут беше Австралиецот Марк Полманс, кој при водство со 1-0 во сетови (7-6) во тај-брејкот во вториот сет против Стефано Наполитано (Италија) при меч-топка промаши лесен удар на мрежата, поради што збесна и неконтролирано замавна при што го погоди судијата в лице.
Тој веднаш беше дисквалификуван, а инцидентот беше далеку посериозна варијанта од тој на Ју-Ес опен пред неколку години, кога Новак Ѓоковиќ беше отстранет од турнирот кога не сакајќи со топче погоди еден од помошните судии.