Тенисер објави слика со својот дечко и призна дека хомосексуалец (ФОТО)
Бразилскиот тенисер Жоао Лукас Раис (24) влезе во историјата на „белиот спорт“ како првиот професионален активен играч кој јавно признал дека е хомосексуалец.
Имено, 401. тенисер на АТП листата оваа информација ја соопшти преку осцијалните мрежи каде што објави фотографија со својот дечко на кого му честиташе роденден.
„Среќен роденден. Среќен живот. Те сакам многу“, објави Реис кој кариерата најдобро беше рангиран на 259. место на АТП листата.
Пред Раис, Брајан Вали во 2017 година призна дека е хомосексуалец, но тоа го направи десет години по завршувањето на кариерата.
Зборувајќи за медиумите Реис откри дека често пати бил изложен на хомофобија која била дел од тениската култура во тоа време.